И Македонија и Белизе се во должничка криза

by Фокус

Белизе е на второ место, а Македонија на четиринаесето место според висината на долгот, односно држави што веќе се влезени во должничка криза, покажува анализата на британската организација „Џубили депт кемпејн“ (Jubilee Debt Campaign).

Анализата посочува дека преголемите долгови можат да ја направат економијата на државата ранлива на одредени пазарни промени.  Тоа би значело дека при економска криза или, пак, неочекуван скок на каматните стапки, на долг рок може да се случи економска катастрофа.

Според последните податоци на Народната банка на Македонија, надворешниот долг на државата изнесува  6,1 милијарди евра или 68,68 отсто од БДП.

Поврзани новости