399
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во Универзалната сала, каде набрзо ќе бидат презентирани докази и факти за изборните грабежи во последните неколку изборни циклуси.
Покрај Заев, на овој настан присутно е цело раководство на социјалдемократите, нивните коалициски партнери, како и опозицискиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.