СДСМ: Јакимовски го полни празниот буџет, преку грбот на граѓаните

by Фокус

Стевчо Јакимовски по теркот на Никола Груевски реши да ја полни празната буџетска каса, преку грбот на граѓаните. Со вакви обвинувања на адреса на градоначалникот на Карпош денеска излезе најголемата опозициска партија СДСМ.

– Јакимовски и советниците од неговата партија поддржани од коалицискиот партнер, ВМРО-ДПМНЕ изгласаа зголемување на данокот при продажба на имот. По предлог на градоначалникот, висината на даночната стапка во општината се зголеми за 0,5 отсто и сега изнесува 3,5 отсто. Граѓаните на општина Карпош ќе плаќаат највисока даночна стапка на промет на недвижности во Скопје, заедно со граѓаните на општина Ѓорче Петров – изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Тој додава, дека мнозинството на Јакимовски и на Груевски во Советот на општина Карпош не го прифати барањето на СДСМ и коалициските партнери точката да се тргне од Дневниот ред.

– Данокот за недвижности е изгласан без опозицијата, која што ја напушти седницата. Укажуваме дека дополнително финансиско оптоварување на малите семејни буџети, ќе биде предлогот на Јакимовски да плаќаат данок и сите граѓани во Карпош кои имаат домашно милениче или базен. Стевчо Јакимовски дрско удри по егзистенцијата на граѓаните во Карпош, со поддршка од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои истото им го прават на граѓаните на Македонија – тврди Весковски.

 

 

 

Поврзани новости