Скопските сообраќајци се растуриле од казнување

by Фокус

Сообраќајци изминатата недела во Скопје казниле вкупно 1.200 учесници во сообраќајот поради прекршоци, информираше денеска МВР.

Како што информира полицијата, кај 89 шофери е утврдено дека возеле под дејство на алкохол, 85 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 46 возачи, а кај 50 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, 140 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 130 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Покрај ова изречени се 14 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 35 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 34 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 339 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање првенство на минување изречени се 16 прекршоци, по соум прекршоци изречени се за недавање на првенство на минување на пешаци и за непрописно престројување.

За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 20, за непрописно престигнување изречени се 9 прекршоци, кај три возила е утврдена техничка неисправност а со пајак службата подигнати се вкупно 473 возила.

Поврзани новости