Солидарност: Слободните здравствени зони се дискриминаторски

by Фокус

Слободните здравствени зони што пред некој ден ги најави министерот за здравство Никола Тодоров, а кои ќе бидат забранети за македонци и косовари, продолжуваат да предизвикуваат низа негативни реакции. Со остра реакција се јавија и од левичарското движење „Солидарност“, според кое станува збор за недвосмислена дискриминација.

– Граѓаните нема да имаат никаков бенефит од тој проект, кој без мислење на стручната јавност пробуваат да го имплементираат. Овој проект содржи и рестриктивни елементи за граѓаните на Македонија, гледано низ призмата на Законот за здравствена заштита,  бидејќи се прекршени членовите 6 и 9 односно начелото на достапност кое значи географска, физичка и економска достапност за граѓаните, како и начелото на правичност каде е забранета дискриминација по однос на вера, пол, старост и националност. Доколку, истите средства кои треба да се вложат во овој проект, се вложат во подобрување на условите во јавното здравство и истовремено се подобрат условите во него, „здравствениот туризам” што го форсираат преку овој проект ќе стане реалност и без воведувањето на истиот – порачуваат од „Солидарност“.

Поврзани новости