СДСМ ја бара на увид дипломата на Бонева

by Фокус

СДСМ и коалицијата денеска поднесоа барање до  Комисијата за прашања на изборите и именувањата во однос на новиот член на Државната изборна комисија, Силвана Бонева. Тие бараат во најкус можен рок да им биде доставена на увид факултетската диплома на Бонева.

-Во најкус  можен рок барамe  да ни биде овозможен пристап кон оригиналната  Диплома и  Уверение за завршен VII степен стручна подготовка на избраниот член на Државната изборна комисија, Силвана Бонева, стои во барањето на СДСМ.

Исто така, СДСМ бара и увид на документацијата за должината на нејзиното работно искуство по дипломирањето кое е еден од  основните елементи за кандидирање и избор на Силвана Бонева  на позицијата член на Државната изборна комисија. Имено, според критериумите, се бара петгодишно искуство во струката како правник.

 

Поврзани новости