Груевски: Ќе продолжиме со политиките за повеќе деца

by Фокус

Премиерот Никола Груевски при денешното поставување на камен-темелник за градинка во Горно Лисиче рече дека Владата ќе продолжи со стимулациите за повеќедетни семејства со цел подмладување на државата.

-Нашите политики се да им олесниме и да ги поттикнеме родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот, државата да се подмлади и да има на кого да го оставиме сето она што денес го создаваме, изјави Груевски.

Тој ја повика опозицијата да не се противи на изградбата на згрижувачки капацитети за најмладите и порача дека оваа година ќе се изградат 20 нови градинки низ цела Македонија.

Поврзани новости