СДСМ: Извештајот на ЕУ ги потврди сите злоупотреби во Македонија

by Фокус

СДСМ испрати соопштение во врска со последниот извештај на ЕУ. Од партијата наведуваат:

-Во Извештајот на европската експертска група, подготвен од Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската комисија децидно е наведено дека снимките што ги презентираше СДСМ, „според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба“.

Предмет на загриженост на експертската група е „фамилијарната поврзаност помеѓу високо позиционирани политичари и носители на високи функции во УБК и во Јавното обвинителство“.

Прецизно е наведено дека состојбата со медиумите е далеку полоша од изминатите години и една од клучните работи е проблемот со корупцијата, за којшто се констатира дека е доволно значаен за да биде предмет на посебен извештај.

Европските експерти прецизно се повикуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на изборите и нагласуваат дека нерегуларностите се адресирани пред да се одржат наредните избори, со цел да се обезбеди уверување дека такви нерегуларности нема да се случат повторно.

Европските експерти потврдуваат она на што опозицијата постојано укажува, дека само теоретски е воспоставен систем на парламентарен комисиски надзор врз работата на УБК и МВР.

Поврзани новости