Јоханес Хан го откри анексот на политичкиот договор од втори јуни

by Фокус

Еврокомесарот Јоханес Хан на страницата на Европската комисија го објави вчерашниот анекс на договорот на политичките лидери во Македонија потпишан на 2 јуни.
Во него стои:

1. Во согласност со договорот потпишан од партиските лидери на 2 јуни, партиите се согласуваат да им дадат предност на држававните интереси и да ја потврдат својата заложба кон евроатланските процеси и демократските принципи.

2. Потврдуваат целосна посветеност кон договорот од 2 јуни.

3. Лидерите се согласуваат да ја продолжат дискусијата на 29 јуни во однос на точката 6 од договорот – организација на Влада која ќе ги подготви изборите. Кога ќе се постигне согласност за оваа тчка, опозицијата ќе ја исполни својата обврска под вториот дел од 6-та точка и ќе се врати во парламентот.

Ова значи дека и покрај негирањата на Груевски, тој се согласил до 29 јуни да се договори преодната влада, или попрецизно, според договорот, да се организира влада која ќе ги подготви изборите. Дури после договорот за преодна влада, опозицијата ќе треба да се врати во парламентот, каде ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана за скандалот со прислушувањето.

Поврзани новости