Суад Мисини го прекина штрајкот со глад

by Фокус

Аналитичарот Суад Мисини, по седум дена, го заврши штрајкот со глад. На таков чекор се одлучи за да ја натера власта да направи законски измени кои ќе овозможат процедура која ќе гарантира безбедност и сигурност при престојот или транзитот на мигрантите низ Македонија.

Република Македонија, посочи Мисини, како членка на Советот за човекови права на ООН и особено како членка на Советот на Европа, има обврска да ги почитува националните и меѓнародните стандарди за човекови права и да овозможи нивна имплементација за сите луѓе на нејзина територија.

Иако парламентот донесе некои законски измени и овозможи легелен транзит на мигрантите, сепак неизвесно останува што ќе се случува со мигрантите во центарот во Гази Баба.

Поврзани новости