Во моментот, од Велес, СДСМ ја објавува 25-та бомба. Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес, истакна дека јавноста ќе слушне неколку скандали во кои се инволвирани премиерот Никола Груевски и неговите соработници.
– Првиот е за фирмата Висарис во кој самата Ивона Талевска признава дека на сметка и легнале и повеќе од милион евра на нејзината сметка. Ќе слушнете дека власта е вмешана во случајот Сопот, каки за скандалот со синот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој беше фатен со дрога на граница и како власта се обидела да го заташка случајот. Е па го замачкале со знаење на Никола Груевски. Ќе слушнете како Талевска вели дека ќе живее како мечка во пештера за да не се види дека троши пари – вели Иванов, објавувајќи снимки од 2013 година.
Во првиот разговор, според Иванов, зборуваат новинарката Ивона Талевска и Драган Павловиќ- Латас, за случајот Визарис, односно Талевска објаснува како на сметка на фирмата, ќе легнат 1,3 милиони евра, истакнувајќи дека таа во фирмата е сама. Исто така во разговорот наводно Талевска истакнува дека знае дека фирмата ќе победи уште пред да се распише тендерот, а посочува и дека во 2013 година ќе живее како мечка во пештера, односно немало да се луксузира и да купува стан за да не предизвика проблеми.