Промовирана „111 тези за ГТЦ“

by Фокус 13:15
13:15

Денеска беше промовирана публикацијата „111 тези за ГТЦ“ која нуди анализирани причини зошто да се задржи автентичниот изглед на центарот. Зад идејата стои иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и се надоврзува на серијата активности на иницијативата во пресрет на референдумот кој ќе се одржи во недела на 26 април. Во изданието се поместени мислења на интелектуалци, универзитетски професори, архитекти и експерти.

Публикацијата ја изработија уметникот Филип Јовановски и кураторката Ивана Васева. Јовановски вели дека книгата претставува документ кој ќе биде доказ за отпорот и битката на граѓаните во заштитата на современото модернистичко културно наследство, во услови кога офанзивно се уништува.

- Advertisements -

CAM00514

 

„Она што ни се случува е очигледно резултат на некакво незнаење, затоа сакавме со знаење да се бориме против тоа. Собравме околу десет стручни лица од областа на архитектурата, уметноста и активизмот на конференција која се одржа на 29-ти ноември во МКЦ, и секој од нив даде по 11 тези за објектот. Ни одговорија на прашањето зошто сметаат дека ГТЦ е важен, од социјален, политички момент, и во поглед на архитектурата. Потоа го склопивме тоа во еден прирачник за значењето на ГТЦ“ – рече Јовановски.

Книгата, вели тој, е и документ за серијата активности околу иницијативата „Го сакам ГТЦ“. Овие тези, според авторите, се референца за вредноста на ГТЦ која е очигледно заборавена.

Во изданието се напишани 110 тези и како што рече Васева, 111-тата теза му припаѓа на граѓанинот кој треба да ја допише како своја причина зошто ГТЦ е важен.

2

Јовановски и Васева, како и активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, уште еднаш ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот кој ќе се одржи оваа недела.

Поврзани новости