Ѓорѓе Иванов призна дека дека член на неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април кога се случи насилниот упад, кога беа загрозени животите на пратеници, новинари, вработени во Собранието, велат од СДСМ откакоа вчера претседателот Иванов рече дека и тој дознал дека Јосифовски на 27 април бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова признание на Иванов ги потврдува дел од сведоштвата во судскиот процес што се води за насилствата на 27 април. Исказите на осомничените и јавно достапните информации покажуваат дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април. Мицкоски не повикува на одговороност туку се става во заштита на насилниците и криминалот на Никола Груевски. Затоа Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ бараат амнестија за сите организатори и извршители на насилството. Токму затоа Мицкоски организира протести за заштита на криминалот, кадешто упатува закани кон судии и обвинители. Затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа ги кочи процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ. На Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно – амнестија за нарачателите и извршителите на насилството од 27 април, се вели во соопштението од СДСМ.