ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА дел од Винтерленд на Плоштад Македонија

by fokus

Државна лотарија на Македонија како компанија која негува да биде близу до играчите на игрите на среќа, оваа година ќе биде дел од Новогодишното празнување на Плоштад Македонија во Скопје,во рамки на настанот Винтерленд кој ќе трае до 07.01.2018 година. Една од новогодишните куќички ќе биде наменета токму за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Тука, сите посетители ќе можат да бидат дел од игрите на среќа, каде ќе можат да изгребат по некој инстант лоз од палетата на Државна лотарија на Македонија, или пак да ги уплатат и своите среќни НовоЛото7/34 броеви. Државна лотарија на Македонија ги повикува своите верни играчи , а и сите други љубители на игрите на среќа да ни се придружат секој ден , а сите посетители ќе имаат можност да земат учество во некоја од игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија , а покрај тоа на истото место ќе бидат организирани и други дополнителни забавни игри и награди.

Ова е настан на кој ги повикуваме и сите заинтересирани играчи кои сакаат да добијат било каква информација за игрите на среќа или пак имаат дополнителни прашања и предлози во врска со игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија , да се обратат до вработените во Државна лотарија кои ќе бидат присутни и ќе бидат на располагање за информации, сугестии и слично.

Најважно од се е да дојдете заедно да ја дочекаме Новата Година низ забава, среќа , добивки и по некоја дополнителна награда.

Ве очекуваме, бидејќи со среќата никогаш не се знае.

Поврзани новости