544
Со денешното обраќање во парламентот, Ѓорге Иванов го потврди своето непостоење на политичката цена, реагираат од опозицискиот СДСМ.
– По 5-те години скриен во фотељата на Водно, изгласан на криминални избори, Иванов денеска пред мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се осмели да предава за демократија и дијалог во 2015 година. Политичкиот дијалог не значел слабост, туку бил израз на политичка зрелост?! Да ја имаше Иванов храброста за којашто зборува, да му ја одржи таа лекција на менторот Никола Груевски, ќе ги видеше вистинските причини за ќорсокакот во којшто ја заглавија 9 година Република Македонија – соопштија социјалдемократите.
Од таму додадоа оти со денешниот настап Иванов само потврди дека Македонија нема претседател.