Груевски ги собира коалициските партнери на новогодишна средба

by Фокус

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги повикал коалициските партнери од владејачката коалиција „За подобра Македонија“ на новогодишна средба, која треба да се одржи во среда во Триумфалната порта, потврдија за Фокус дел од партиите.

Инаку, на средбата, на која треба да се дискутира за актуелните прашања, ќе присуствуваат над дваесет лидери и претставници на партиите што партиципираат во владејачката коалиција, при што за највлијателни по ВМРО-ДПМНЕ важат Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, Социјалистичката партија на Љубислав Иванов, ДОМ на Лиле Поповска.

Исто така, како во оваа коалиција значајно место заземаат и претставниците на помалите етнички заедници – Демократска партија на Србите на Иван Стоиљковиќ, Демократска партија на Турците на Ќенан Хасипи, и неколкуте ромски партии, меѓу кои најсилна е Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

Исто така, во ваквата предизборна коалиција членуваат и поесктремни десничарски партии, како ТМРО-ВЕП на Страшо Ангеловски, ТМОРО на Ванчо Шехтански, но и левичарски партии, како СДУ некогаш предводена од Лазе Еленовски.

Поврзани новости