Криминалот со нелегално производство и продажба на тутун од типот „Вирџинија“, за којшто СДСМ предупеди уште лани, продолжува и се повторува и оваа година, соопшти денеска партијата.
„Со нечија заштита и одобрвање во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија. Деновиве во Могила се забележани површини со Вирџинија со големина од околу 100 хектари коишто се сопственост на шест семејства. Производителите на овој тутун во јавното претпријатие Стрежево, коешто нуди услуги во наводнување на пелагониските површини, пријавиле дека бараат наводнување за посев од пченка.
Според информациите, и покрај тешкотиите со наводнувањето, ЈП Стрежево на 12 август им пуштило вода за наводнување токму на овие површини.Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на светските пазари додека цената на легалниот тип орентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува од 2 до 3 евра за килограм.
Приносот од производство на нелегалниот тутун Вирџинијата изнесува 2 тони на хектар. Со тоа од 100 хектари се добиваат 200.000 килограми. Така, добивката од ова незаконско одгледување на тутун изнесува 2 милиони евра.
Власта на Никола Груевски во заминување треба да објасни кој дозволува вакво нелегално производтсво на тутун? За коешто патем дополнително се овозможуваат услови за наводнување коишто останатите земјоделци ги немаат.
Кој врши нелегален откуп на овој тип на тутун, каде го извезува и во чии чебови завршуваат милионски суми од нелегалното производство? Кој ќе понесе одговорност за овој криминал?
Македонските тутунари не смеат да бидат ставени во подредена положба, во која тие својот тутун ќе го продаваат за три пати пониска цена, од неколкумина кои со нечија поддршка незаконски доаѓаат до брза и голема заработувачка. Тоа е потценување на оние коишточесно заработуваат на сметка на криминалот.
Министерството за земјоделство и Инспекторатот да не молчат туку да преземат мерки за итно спречување на овие дејствија. Во спротивно, ќе сметаме дека се соучесници во овој нелегален криминал“ – пишува СДСМ.