МВР: Ќе ги испитаме обвинувањата на СДСМ за тутунот

by Фокус

По обвинувањата на СДСМ дека се прави криминал со тутунот полицијата излезе со кратко соопштение во кое наведува дека ќе го испита случајот.

-Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот „Вирџинија“ и доколку се утврдат било какви  сомненија за сторен криминал како и во сите други случаи, крајно неселективно против осомничените ќе бидат процесуирани соодветни пријави- се вели во реакцијата на МВР.

Поврзани новости