Решение за лицата без државјанство мора да се најде, но тоа треба да биде во склоп со меѓународните стандарди, рече пратеникот на СДСМ Јован Митрески на Алсат М.
-Не можеме системски да го решиме, 5 години да ги намалиме на 3 затоа што доаѓаме законот за престој да е посилен од законот за државјанство. Системскиот проблем е ако граѓаните имале прекин во регулирањето на престојот од еден ден или два дена, најчесто се такви случаите, во системската евиденција ги водат дека нема континуиран престој од пет години – рече Митрески.
И за ВМРО-ДПМНЕ не е проблем издавање државјанство на граѓани, но, како што рече пратеникот Тимчо Муцунски, проблем е содржината на законот.
-Нашето чувство е дека овој конкретен предлог-закон би можело да биде злоупотребен и да создаде системски грешки. Од тука лежи нашето противење. Треба како пратеници, во најкраток рок, да седнеме заедно со соодветните институции и домашни и меѓународни, да најдеме решение, коешто итно ќе го реши прашањето на овие луѓе коишто секојдневно трпат проблеми – рече Муцунски.