Изминатите две недели 220 деца до 9 години биле заразени со Ковид-19

by fokus

Во последните две недели коронавирусот брзо се шири и меѓу најмлите во земјава, односно кај децата до девет години. Ова го покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во анализата на ИЈЗ за периодот од 1 до 7 март бројот на деца до девет години потврдени со ковид-19 се зголемил за дури 104, а за периодот од 8 до 15 март за истата возрасна група бројот се зголемил за 116, односно за половина месец вкупно се регистрирани нови 220 деца позитивни на вирусот.

Поврзани новости