Денеска, дури и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски раст на 2.5 отсто ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт, реагираат од СДСМ на намалувањето на проекцијата на растот на БДП.
За неколку дена ќе се формира новата реформска Влада на Мaкедонија и со брзо темпо ќе отпочне спроведувањето на вистинските реформи за подигнување на економијата коишто ќе значат квалитетен живот на граѓаните. Новите економски политики на реформската Влада ќе започнат да се спроведуваат набргу и преку низа мерки, меѓу кои и зголемувањето на минималната плата како и поддршка на стопанството ќе започне заздравувањето на уништената економија, се наведува во соопштението.
СДСМ додава дека политичката криза во Македонија завршува, граѓаните набргу ќе добијат нова и одговорна Влада којашто ќе спроведува одговорни економски политики кои ќе придонесат кон економски раст од кој бенефит ќе почуствуваат сите и граѓаните и стопанството.