Народна банка ја намали проекцијата за пораст на БДП

by fokus

Народната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира раст од 2,5 проценти на македонската економија за годинава по што би следело забрзување на 3,2 процента во 2018 година, информира денеска на прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

НБРМ има непроменети очекувања за нивото на инфлацијата споредено со октомври и очекува забрзување на растот на цените, односно инфлација од 1,3 проценти годинава и 2 проценти догодина.

-Клучни претпоставки на априлските проекции се задржување на здравите фундаменти на домашната економија, продолжените негативни ефекти од политичката криза врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите, како и претпоставката за постепено разрешување на кризата во текот на годинава, стабилизирање на амбиентот и исцрпување на неповолните ефекти до крајот на годината, рече Богов.

 

Поврзани новости