Груевски: Македонија веднаш да добие покана за НАТО

by fokus

Да се упати покана на Македонија за членство во НАТО веднаш и да се започнат преговорите за членство во ЕУ, побара денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Македонија предолго се држи надвор од НАТО и од Европската унија. Предолго Грција не дозволи да започнат преговорите со ЕУ и да ја добиеме поканата за членство во НАТО. Уште во 2008 година Македонија ги исполни условите за да ја добие поканата за НАТО, а тоа сите граѓани го знаат. Тоа се стопираше на Самитот на НАТО, а следната година веќе дојде препораката од Европската комисија до Европскиот совет за започнување на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Оттогаш поминаа 7-8 години како Македонија се држи надвор од НАТО. Тоа не е добро, изјави Груевски.

Тој апелираше до членките на НАТО и ЕУ да ги започнат преговорите согласно договорот од 1995 година според кој, како што рече, нема никаква пречка да се започнат преговорите, а прашањето со јужниот сосед да се решава во од.

Поврзани новости