СДСМ: Христијан „мамематички лажго“ Мицкоски учествуваше во зголемувањето на цената на струјата за 100 проценти

by Фокус 16:53
16:53

Христијан „математички лажго” Мицковски денес повторно без грам срам излезе да ја лаже јавноста,потценувајќи го помнењето на граѓаните за се што направи ВМРО-ДПМНЕ и лично тој на штета и на грбот на граѓаните, реагираат од СДСМ по пресот на Мицкоски, кој истакна дека владата реализирала само 2 проценти од предизборните ветувања во енергетиката.

„Мицковски ги лажеше граѓаните дека со новиот Закон за енергетика ќе се покачи цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија е намалена. Ги лажеше граѓаните дека нема да може да се врати евтината тарифа на електричната енергија. Евтината тарифа на електричната енергија се врати и граѓаните имаат 15.000.000 евра на годишно ниво. Уште една лага на Мицковски е дека исклучените од парно греење мора да плаќаат за топлина која не ја користат. Исклучените од парно греење денес не плаќаат нешто што не користат. Мицковски ги лажеше граѓаните и дека е невозможно да се намали цената на топлинска енергија. Цената на топлинската енергија е намалена од 18-5 отсто. Ги лажеше и компаниите и домаќинствата дека е невозможно да има слободен пазар на електрична енергија. Денес има либерализиран пазар на електрична енергија. Ги лажеше и вработените во РЕК Битола дека не може да се врати мензата во РЕК. Денес РЕК има исхрана за вработените“, соопштија од СДСМ.

Од таму велат дека Мицковски не кажува и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествувал во, како што велат, зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 проценти на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради, според владејачката партија, негови лични бизнис интереси и профит.

- Advertising -

Поврзани новости