СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

by Frosina Fakova

Губитникот Христијан Мицкоски да го научи Уставот, Зоран Заев е мандатар, а тој останува претседател на нереформирана и назадна партија, реагираат од СДСМ откако тој обвини дека претседателот Стево Пендаровски го прекршил Уставот со денешното доделување на мандатот на Заев.

– Согласно уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме кои имаат најголем број пратенички места во Собранието. За потсетување, исто така како што неговиот ментор Никола Груевски го доби во 2017 година. Со таа разлика што Груевски остана осамен и изолиран во намерата да направи нова режимска влада, па наместо него, нова прогресивна влада направи Заев. За разлика од тогаш, сега Заев ќе направи Влада без разлика на очајот на Мицкоски. Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник и дека единствено може да се бави со проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој останува претседател на една од најназадните и нереформираните партии во државата, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости