Откриени 10 мигранти во приколка од камион кој дошол на царински терминал

by Frosina Fakova

Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот, информираат од СВР Тетово. 

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа било пријавено дека мигрантите се најдени во приколка во товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско.

Возилото било во кругот на царински терминал. Мигрантите и возачот на возилото биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

Мигрантите се на возраст од 15  до 49  години.

Поврзани новости