СДСМ: Груевски со оставката докажа дека се контролира од Будимпешта, Мицкоски е под негова команда

by Fokus

Најавата на осудениот криминалец, Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски, реагираат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, од кадешто Груевски дава команди, а Мицкоски исполнува.

„Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски. Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука. Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон,  кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат. Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини“, велат од СДСМ.

Поврзани новости