СДСМ: Груевски си експериментира со учениците!

by Фокус

Според социјалдемократите „власта на Никола Груевски продолжи да експериментира со проектот Екстерно тестирање на сметка на учениците, родителите и наставниот кадар“

Тие сметаат и дека проектот и годинава се спроведувал хаотично, неуко, со незаконитости и по секоја цена, на што единствена цел, според нив е да се обезбеди послушноста и контролата врз наставниците и професорите.

Од СДСМ реагираат и на она што тие го сметаат за грубо кршење на Законот за заштита на личните податоци, бидејќи наводно Министерството за образование објавило приватни податоци за учениците, како датум на раѓање, име и презиме, татковото име и сл.

Од опозицијата се убедени дека со ваквиот начин на спроведување на екстерното тестирање, од Министерството за образование само го зголемиле стресот кој и онака го трпат учениците и родителите во овој период од годината.

Поврзани новости