СДСМ: Груевски се плаши од вистината којашто проби како шило за неговото криминално владеење

by Фокус

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат медиумски реформи бидејки како кула од карти им се рушат лагите што ги пласираат преку медиумските курири, соопшти СДСМ, истанувајќи дека затоа вчера во Собрание не го прифатиле предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, поднесен од СДСМ и опозицијата, што ги содржи барањата на новинарските здруженија и организации.

– Медиумските курири воопшто не ги спомнуваат истражните постапки коишто се водат против криминалната банда на Никола Груевски ама секојдневно штанцаат измислици и невистини по негова нарачка. Покренатите истраги за уништување на опремата со којашто незаконски биле прислушкувани граѓаните се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки. Никола Груевски постојано и цело време лаже. Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж – се наведува во соопштението од СДСМ.

Партијата нагласува дека ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија.

– Никола Груевски се плаши од вистината којашто проби како шило за неговото криминално владеење, за корупцијата, крадењето на слободниот глас на граѓаните. Затоа на Никола Груевски бега од реформи во медиуми. Затоа партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се директно поврзани и со контролата врз медиумските курири –  порачуваат од најголемата опозициска партија.

Поврзани новости