-Преку изборни грабежи и злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта. Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за изборниот грабеж. Не само што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе парите на граѓаните, го краделе и нивниот глас. Затоа Груевски се плаши од реалноста и од соочување со одговорноста. Оттука е паниката кај Никола Груевски, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
Тие велат дека нелегитимната криминална банда што ја узурпирала власта на криминален начин не може да говори за мислењето на граѓаните.
-На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека граѓаните ги чекаат демократските промени коишто ќе се случат на следните фер и демократски избори. На фер избори ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија. Тоа е најреалната анкета за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ којашто ќе ја видат на следните фер и деморкатски избори, стои во соопштението.