(ФОТО) Бегалци од Идомени: Жалиме за Брисел

by Фокус

Неколку од децата бегалци кои се заглавени во кампот во Идомени близу грчко-македонската граница денеска со транспаренти изразија сочувство за жртвите на терористичките напади во Брисел. Тие носеа пароли на кои пишуваше „Жалиме за Брисел“.

Децата се фотографирани во текот на протестот во ова грчко место близу до македонската граница, каде во моментов се наоѓаат неколку илјади бегалци. Тие повторно протестираат во кампот кај Идомени, како и на грчките острови во близина на турските брегови.

Поврзани новости