ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има уплав од соочување со народот

by Фокус

-Ниту во СДСМ нема некој кој верува во лагите и манипулациите од Бихаќка за земјоделците. Граѓаните знаат кој никогаш не се грижел за нив, а кој постојано се обидува да им го подобри статусот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е првата Влада во Република Македонија која се грижи за земјоделците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека од месечината можеле да се видат очајот и паниката во СДСМ во пресрет на изборите. Додаваат дека земјоделците знаеле дека во времето на СДСМ  субвенции во земјоделието имало точно онолку колку што проекти оставила СДСМ зад себе: нула.

-Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори, има мизерен рејтинг и уплав од соочувањето со народот. Затоа се обидува СДСМ со лаги и манипулации да ја покрие безидејноста и немањето проекти. Нема да им помине. Граѓаните добро знаат да проценат кој се користи само со лаги и манипулации, а кој работи во нивен интерес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости