СДСМ нема да ги повлече членовите од ДИК

by Фокус

СДСМ и нејзините коалициони партнери денеска одлучија да не ги повлечат двајцата членови од ДИК за да обезбедат контрола врз процесот на прочистување на Избирачкиот список. Ваквата одлука има цел да ги спречи манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Груевски, појаснуваат опозициските партии во соопштението од средбата со Зоран Заев.

По распуштањето на Собранието, на прес конеференцијата претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја најави опцијата дека е можно да ги повлечат своите членови од ДИК, но рече дека за тоа ќе се одлучи наредните денови. Сепак, одлуката е членовите да останат во ДИК.

Поврзани новости