СДСМ: Груевски ќе ја покачи социјалната помош за еден денар на ден

by Фокус

Никола Груевски кој 10 години е главниот креатор на социјално загрозени семејства, пред заминување најавува социјална помош повисока за 1 денар. Од 22 денари на ден, социјалната помош за граѓаните би изнесувала 23 денари на ден, велат од СДСМ.

-За 23 денари не може да се купи ни еден килограм леб! За идно покачување на социјалната помош од 1 денар зборува истиот тој Груевски кој во реалноста со соработниот Диме Спасов остави илјадници семејства и без тие 22 денари.Груевски дури и им блокираше сметки на граѓаните кои примаат социјална помош, за неплатена радиодифузна такса, стои во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија обвинија дека над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштија, во трошни куќи, со тавани што им се рушат на глава на нивните боси и гладни деца, додека Груевски се вози во Мерцедес од 600.000 евра, со наочари од 60.000 евра и е распослан на милионски парцели на Водно.

Поврзани новости