СДСМ: Груевски ја заборави Преродбата, подготвен е да стане активист

by fokus

Никола Груевски е во тотална конфузија и ја заборави неговата Преродба, добро утро и добро вечер му е Програмата на СДСМ, а подготвен е да стане дури и активист, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-По 10 годишен масакр на домашните фирми, Груевски ги здогледал домашни претпријатија. Откако ги остави работниците со 9.000 денари плата, признава дека минимална плата требала да биде во висина што ја предлагаше СДСМ, а ја одбија токму неговите пратеници во Парламентот. Откако 500.000 граѓани турна под работ на сиромаштија, исели 626.312 граѓани од државава, Груевски најавува дека неговата борба за работни места продолжувала. Откако потроши 650 милиони евра пари на граѓаните за стиропор политики, Груевски сака да зборува за конаци, манастири и културно наследство?!, прашуваат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека биле разобличени штетните политики на Никола Груевски што немаат допирни точки со потребите на граѓаните, а граѓаните знаат дека имаат и тоа какви допирни точки со неговите потреби за милионски плацеви, мерцедеси, рајски фирми на фамилијата.

Поврзани новости