Собранието не се распушта додека не заврши расправата за буџетот

by fokus 12:59
12:59

Собранието на Република Македонија закажа пленарна седница на 13 октомври, односно во четврток со што стана јасно дека нема да се распушти на 12 октомври.

Една од причините за нераспуштањето на Парламентот на 12 октомври е расправата за буџетот која не е завршена. Документот за буџетот е во собраниските комисии, а потоа треба да оди на седница на Влада за да може да се стави на дневен ред на пленарна седница, на која ќе треба да се разгледува најмалку пет дена.

- Advertisements -

Од Собранието велат дека за да се стави на дневен ред распуштањето треба некој од пратениците или политичките партии кои имаат пратеници да поднесат предлог за распуштање. Додека не биде поднесена таква иницијатива, Собранието ќе продолжи да работи.

Поврзани новости