Заев на форум во Виена: Македонија на крстопат

by fokus

МАКЕДОНИЈА на крстопат, е темата на предавањето во Форумот за интернационален дијалог што денска попладне ќе се одржи во Виена, Австрија на кое е поканет Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

На дебатата ќе учествува Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и Ханес Свобода, член на Европскиот парламент.

Модератор е Иван Крастев, претседател на Центарот за либерални стратегии од Софија.

„Дали некогаш сте биле заглавени во лифт?”, македонски политичар ме праша неодамна. Бевме во Скопје, главниот град на неговата земја, каде што големи јавни протести се водеа во текот на минатата година, а во парламентот имаше речиси едногодишен бојкот од страна на опозицијата. Можете ли да замислите да сте заглавени вака за 20 години? Тоа е она што ни се случи. Лифтот треба да се движи повторно и најдобро ако се движи во насока на Брисел“, се вели во изјава на Иван Крастев, пренесена во најавата за настанот.

Поврзани новости