354
Поништувањето на лустрацијата на академик Божин Павловски од страна на Вишиот управен суд потврди дека Никола Груевски е креатор на лустрацијата, реагираат од СДСМ.
-Се потврдија предупредувањата на СДСМ и демократската јавност во Македонија дека во државава се спроведуваат политички монтирани процеси за пресметка со граѓаните кои одбиваа да и служат на криминалната власт. Груевски мора да ја понесе одговорноста за овие злодела врз граѓаните – стои во соопштението на СДСМ.