ВМРО-ДПМНЕ: Со лустрацијата ги откривме кодошите

by fokus

Процесот на лустрацијата, на јавноста и ја покажа вистината за луѓето што кодошеле други, заради личен интерес, напредок во кариера или слично, а некаде и за пари – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соооштението на СДСМ.

-СДСМ како и денес така и во минатото не смогна доблест и храброст да го поздрави овој процес кој сите посткомунистички држави во Европа го направија. СДСМ никогаш не успеа да расчисти со минатото и недемократските методи кои тие и нивните претходници ги правеле. Но што впрочем да се очекува од партијата чии функционери даваа налози да се водат досиеа за своите политички неистомисленици дури и по независноста на Македонија. Тоа говори за нивниот капацитет и поимање за демократијата. – се вели во реакцијата на ДПМНЕ.

Инаку, партиските препукувања за процесот на лустрација доаѓаат откако вишиот управен суд го потврди поништувањето на лустрациите на 12 лица. Меѓу нив се и поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски и на писателот Божин Павловски.

Според СДСМ овие одлуки само потврдуваат дека лустрацијата беше инструмент на Никола Груевски за пресметка со неистомислениците и бараат да понесе одговорност.

Поврзани новости