Тепачка во ССМ, синдикалци завршија во болница

by fokus

Претсeдателот на Агро синдикатот, Живко Даневски и советникот Лазе Ѓорѓиески, попладнево биле физички нападнати во ресторанот Национал, објави 24 Вести. Според нив, Живко Митревски влегол во ресторанот со две лица кои тие не ги познаваат, а по неколку минути биле нападнати од истите.

– Во ресторанот во ходникот не нападна еден, почна да ме турка да ме удира и ме истуркаа со закани „ќе те уништам“ – вели Живко Даневски, претседател на Агро синдикатот.

Синдикалците велат дека ова е уште еден обид за заплашување од страна на Митревски. Стравуваат за своите животи и ќе бараат дополнително обезбедување.

Во врска со нападот Митревски за 24 Вести вели дека тоа се само манипулации и дезинформации.

Поврзани новости