Граѓаните тонат во сиромаштија, а Курир добива милиони евра од Груевски и Мијалков, обвинија денеска од опозициската СДСМ. Според нив, 29 дена Курир крие од каде му се милионските приходи од 1.3 милиони евра.
-Зад Курир очигледно стои Мијалков, и очигледно од таму му се милионските приходи. 10 000 фирми во Македонија се затворија заради арач политиките на власта во заминување, но затоа само бизнисите на фамилијата и Груевски вртат милионски приходи. Ако зборува за приходот од 1.3 милиони евра Курир треба да ја открие поврзаноста со Мијалков, затоа со денови молчи и се крие, се вели во соопштението на СДСМ.
Од опозициската партија велат дека во „Вистината за Македониј“а се покажала поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел и затоа Курир ги труе граѓаните со нарачани информации за некаква извртена реалност и, како што вели СДСМ, ги штити криминалите и провизиите на своите наредбодаватели Груевски и Мијалков.