ЛДП: Зошто само во Скопје и Тетово ќе се испитува загадувањето?

by Фокус

Либерално-демократската партија бара одговор од министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, по кои критериуми и проценки избрал да ги испитува причините за аерозагадувањето само во градовите Тетово и Скопје.

-Како партија на која врвен приоритет и’ е здравата животна средина за граѓаните на Република Македонија, е неприфатливо парцијалното и дискриминирачко однесување на Министерството за животна средина, кое ги утврдува причините за аерозагадувањето само во овие два града, кога се знае дека уште најмалку три градови – Битола, Кичево, Кавадарци, секојдневно дишат смртоносен воздух, а последиците од него силно и болно удираат врз здравјето на граѓаните. Од таму, ЛДП јавно го прашува министерот Изаири, дали си поигрува со сериозноста на проблемот со аерозагадувањето?, се вели во соопштението на ЛДП.

Од партијата прашуваат дали министерот влечел жрепка или пак му се сонило од дузина енормно загадени градови во Македонија, да ги избере само Тетово и Скопје за поставување на филтри или се работи за несериозен и популистички пристап кон овој горлив проблем како дел од кампањата на власта пред закажаните парламентарни избори.

Поврзани новости