Груевски денеска на средба со Бајден

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска во Вашингтон ќе оствари средба со американскиот потпретседател Џо Бајден. Според најавите, главни теми ќе бидат продлабочувањето на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија.

Не е исклучена можноста Груевски освен со Бајден, да се сретне и со некој друг висок претставник на американската администрација, а се спомнува името на Викторија Нуланд.

Ова ќе биде втора средба на Никола Груевски со Џо Бајден, а првата беше во 2011 година. Денешната средба доаѓа во период кога преговорите за спроведување на Договорот од Пржино се закочени, а се ближи крајниот датум кога премиерот Груевски треба да си поднесе оставка.

Поврзани новости