Објавувајќи ја 17-та бомба од Прилеп, СДСМ презентираше неколку разговори од градоначалникот Маријан Ристески, кој со министерот Миле Јанакиески и други соработници, според СДСМ, договараат казнување на „непријателски“ фирми и кафулиња.
-Ќе слушнете како Јанакиески бара од Марјан Ристески список на фирми наводно блиски до СДСМ. Посебен интерес за фирма има Јанакиески за фирмата на Хари Локвенец. Ќе слушнете како се бара казнување, рушење на шанкови и тераси, и како што вели Јанакиески, да видат што е сила, посочи претседателот на СДСМ Прилеп, Сашо Велески, кој во моментов ја објавува опозициската „бомба 17“.
Во разговорите се слуша и како бизнисменот Хари Локвенец бил казнет со 11.000 евра, а гарадоначалникот вели дека му било малку, па требало секој месец да го казнуваат по толку.