На протестот пред МТВ настапи „Белизе бенд“

by Фокус

На собирот пред МРТ настапи „Белизе Бенд“ односно актерките Ана Костовска и Ирена Ристиќ кои ја испеаа песната „Долга рака“.

-Бевме презафатени со многу бројните донации кои ги примаме од целиот свет, затоа извинете доколку има грешки во денешниот настап. Знаете како оди тоа, телефони, смс и слично, рекоа пред исполнувањето на првата нумера од денешната програма.

„Каде и да одиш каде и да шеташ не се срами, не се плаши, арамија да си

Каде и да одиш каде и да шеташ не се срами, не се плаши,супер апаш да си

Една мисла имаме, како да покрадеме, само вие имајте, ние ќе си земаме

Еден буџет имаме, пет мандати тераме, за буџетот да си е, мирно ќе се спие“

Поврзани новости