СДСМ: Го поздравуваме тоа што ДКСК отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

by fokus

Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.Тоа е за поздравување, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Велковски е незаконски назначен од Арсвоска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

-Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен паушал од 18.000 денари, додека како секретар на Градот тој има плата од околу 50.000 денари.Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните, велат од владејачката партија.

,,Фокус“ пред една недела објави дека Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот е советник во скопската општина Чаир, истовремено е именуван и за секретар на Град Скопје од актуелната градоначалничка Данела Арсовска во периодот кога таа стапува на функција.

Тој како секретар е назначен 18 декември, 2021 година месец ипол по седнувањето на Арсовска во градоначалничката фотеља.

Поврзани новости