Украдени уметнички слики од канцеларијата на Шредер

by fokus 17:42
17:42

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој во изминатите недели беше постојано во фокусот на медиумите поради останувањето на функцијата во руска компанија, сега стана мета на кражба.

Пет уметнички слики од приватниот имот на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии.

Украдени се дела на уметникот Увер Бремер и еден неименуван кинески уметник. Тие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“.

Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер во понеделникот поднел кривична пријава против непознати лица. Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.

Поврзани новости