366
Опозицискиот СДСМ ги повикува Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да прифатат телевизиски дуел за имотот на раководствата.
– На тоа соочување ќе можат граѓаните да видат кој, како и што поседува. Ќе видат дека најголемите богаташи во државата се од власта, а ќе побараат и да чујат од каде им е тоа богатство, ако цел живот работеле само како државни службеници – се наведува во партиското соопштение.