Дисциплински во МВР против насилството врз бегалците

by Фокус

Министерството за внатрешни работи решило да поведе дисциплинска постапка против полицајците кои применуваат насилни методи врз бегалците на границата со Грција, пренесува Алсат телевизија. За нив, оваа информација ја потврдил портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Снимките на кои македонски полицаец удираше бегалци без разлика дали тие се жени или деца, свестките медиуми ги објавија како „полициската бруталност врз бегалците во Македонија“, со што беше предизвикана лавина реакции на социјалните мрежи.

Според МВР само во изминатите 24 часа, низ Македонија поминале околу 3.000 бегалци, главно од Сирија. Досега барање за азил поднеле само 49 лица. Од јуни, низ земјава поминале повеќе од 72.000 бегалци.

Поврзани новости