СДСМ го осуди нападот врз Палевски: Времето на неказнивост заврши

by Фокус
СДСМ на чело со премиерот Зоран Заев соопшти дека остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета.
„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости